Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова имаше свое забележително обраќање во рамки на 12 Голобален Форум во Баку, Азербејџан. Форумот се одржува во контекст на предизвиците кои ги носи меѓународната геополитичка сцена со севкупните општествено-политички прилики најмногу во контекст на позиционирањето на големите светски сили и соработката со помалите држави.
“Благодарам за можноста да се обратам на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, Азербејџан, настан што ги адресира најважните регионални и глобални прашања.
Ова е особено важно во 2025 година, за која некои очекуваат да биде пресвртна. Од ден на ден имаме сѐ повеќе прашања, а сѐ помалку одговори.
Светот станува многу поразлично место. Мултилатерализмот отстапува пред мултиполаризацијата. Растечкото геополитичко ривалство го ослабнува системот за колективна безбедност. Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни. Консензусот по Втората светска војна се доведува во прашање.
Како да живееме на почетокот на една нова ера во која се поткопува меѓународниот систем втемелен на правила.
Верувам дека Глобалниот форум во Баку може да ни понуди свежи перспективи за тоа како да продолжиме да работиме во насока на постигнување и зачувување на мирот како врвен заеднички интерес.”
-напиша Претседателката Сиљановска Давкова во врска со нејзиното обраќање на 13 Глобален форум во Баку.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Таравари: Десет пациенти денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство
Приведени тројца дилери од Валандово и Богданци, пронајдена дрога
Владата во целост ги покрива трошоците за лекувањето, транспортот на повредените, патувањето и сместувањето на семејствата. Да не се шират шпекулации