БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Обука на жени претприемачи за зелено и енергетски ефикасно производство во Кочани

Пренеси го гласот

На темата Цели за одржлив развој и циркуларна економија, Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Националната платформа за женско претприемништво одржа работилница во Кочани за градење на капацитетите на жените претприемачки. Дваесетина жени од различни сектори од Кочани, Виница и Зрновци имаа можност да се запознаат со начините како целите за одржлив развој можат да помогнат во развој на бизнисите и приватниот сектор, особено водени од претприемачки. 

Изминатите три месеци УНДП работеше на анализа за утврдување на пречките, системските недостатоци и проблемите со кои се среќаваат жените претприемачки при формирањето на нивните компании и развојот на нивниот бизнис, посебно во делот на зеленото и енергетски ефикасното производство. Врз основа на наодите од оваа анализа е развиена програма за градење на капацитетите на жените претприемачки. Целта на оваа обука е да ја подигне свеста кај претприемачките за значењето на животната средина и техниките на производство и водење бизнис што можат да дадат придонес на тој план.

Креирано од:


Пренеси го гласот