По повод годишнината од атентатот на најголемиот и најдобриот лидер на ВМРО, Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ организира традиционален собир на вечното почивалиште на Тодор Александров во Сугарево, Република Бугарија, со цел да прерасне во настан кој од година во година ќе биде поголем и помасовен.
Во таа чест, поканети се сите симпатизери и почитувачи на ликот и делото на Тодор Александров и оние кои не се членови на партијата.
Добредојдени се сите за да му оддадат почит на лидерот на ВМРО.