Во Македонска Каменица, каде денеска се спроведува вториот круг од гласањето на Локалните избори, до 10 часот гласале 1194 гласачи, што е 17,66 проценти излезеност
Претседателот на Општинската изборна комисија Македонска Каменица Сања Митревска изјави дека гласањето на сите 17 избирачки места се одвива без проблеми.
– Споредено со излезноста до 10 часот од првиот изборен круг, денеска има зголемување за околу 2 процента. Сите 17 избирачки места се отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми, истакна Митревска.
Во Македонска Каменица се запишани 6754 гласачи со право на глас


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта, меѓу кои и нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија
Драган Ковачки: Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски
Објава за изгубен Родовник