Советничката во Советот на Општина Штип Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција од пред големата сала на Совет на Општина Штип денеска на прес конференција ја прозва централната власт и Министерството за култура за уназадување на поетската манифестација посветена на еден од најзначајните македонски поети Ацо Шопов кој што е роден во Штип.
Во продолжение ја пренесуваме нејзината прес конференција во целост:
Почитувани сограѓани,
После 34 години чествување на смртта на македонскиот борец, интелектуалец, дипломат и поет Ацо Шопов, денес во 2019 г. благодарејќи на политиките на Владата на Зоран Заевсме доведени во ситуација за прв пат да ја прекинеме традицијата и да не го обележиме настанот во чест на овој македонски великан.
Министерството за култура држејќи се до поставените критериуми за евалуација на предложените предлог проекти го има одбиено Барањето за финансирање на настанот „Чест на поетот“, односно со својата одлука ни има порачано дека чествувањето на ликот и делото на Ацо Шопов не е проект од посебен национален интерес и со тоа ја прекинува традицијата воспоставена од 1985 г.
Ако земеме предвид колку средства и за какви скандалозни проекти има доделено истото Министерство за култура во последниве 2 години, сумата од 20.000 ден е незначителна и само го потврдува фактот дека одбивањето на проектот е директно омаловажување на македонските културни дејци.
Сакаме јавноста да знае дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понижување на македонската традиција и култура.
Иако децентрализација во областа на културата сеуште не е направена, најдовме начин и со помош на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата на денешната седницана Советот е донесена Одлука за финансиска поддршка на настанот „Чест на поетот“ од локални средства, со цел споменот на Ацо Шопов да го задржи своето достоинствено место во рамки на македонската културна ризница.
Со почит,
Центар за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани донираше 3 милиони денари на Црвен крст – помош за настраданите во несреќата
ДЗР: ЈП „Исар“ Штип се соочува со финансиски и еколошки предизвици, поради што генерира со 60% загуба на вода, 25,2 милиони денари обврски и отсуство на дозволи
Во Делчево куче каснало малoлетничка, сопственикот на кучето заработи кривична пријава