Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево се обратија во јавноста уште еднаш со своја реакција во врска со нереализираните ветувања на градоачалникот на општина Делчево Горан Трајковски во врска со Туристичкиот локалитет Голак.
Планината Голак во изминатите недели со посетеноста на голем број граѓани ја покажа својата атрактивност за љубителите на планинскиот туризам. Но она што оди на одговорност на локалната самоуправа покрај фактот што на Голак покрај реконструираниот регонален пат кој води до врвот на планината- проект реализиран во 2016 година, како и повеќе проекти и активности реализирани до таа година, општинските власти од тогаш до ден денес немаат соодветна визија за развој на овој атрактивен природен потенцијал.
Во неколку наврати Градоначалникот Трајковски ветуваше можни инвестиции во објектот на поранешното детско одмаралиште но ваквите ветувања останаа само на зборови без реализација.
Иако Туристичкиот локалитет Голак е дел од сите изминати Стратешки документи за Локален Економски развој на Општина Делчево, сепак развојот на Голак за подобрување на туризмот во последните години недостасува.
Недостигот на соодветна комунална инфраструктура, објекти и содржини со кои што општината ќе може да оствари поголем економски бенефит не само за ЕЛС Делчево туку и за бизнис секторот, како и отварање на нови работни места, го прави Голак само пуста желба за делчевчани за постигање на некаков развој.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатена до јавноста:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани