Во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија за усогласеност за 2023 година на Општина Делчево- Сметка на основен Буџет (630), ревизорите од Државниот завод за ревизија утврдиле дека општина Делчево не работела согласно законската регулатива, упатства и воспоставени политики.
Според извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Општина Делчево, сметка на основен буџет (630) за 2023 година ревизорите утврдиле дека:
-Побарувањата не се реално и објективно прикажани, не е утврдена старосната структура и можноста за нивна наплата, како и не се превземаат активности за присилна наплата;
-не се евидентирание побарувањата по основ на данок на наследство и подарок и надоместок за легализација на бесправно изградени објекти;
-слабости во начинот на администрирање, утврдување и наплата на данокот на имот;
-при спроведување на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти не се почитуваат законски пропишаните рокови и не се доставува годишен извештај до Министерството за транспорт за користење на сретствата остварени од надоместок по тој основ;
-склучени се договори за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште на рати, без да бидат обезбедени инструменти за плаќање на рати;
-опшштината не остварува приходи по основ на комунална такса за привремен престој, користење на музика во јавни локали, објави и огласи и нема донесена програма за туристичка пропаганда и информативна дејност за подобрување на условите за престој,
-неправилности во начинот и постапката на давање на користење на деловни простории сопственост на општината;
-општината нема склучено договор за уредување на односите со јавното претпријатие; не остварува приходи од надоместок за одржување на јавна чистота и истите ги нема предвидено во буџетот за 2023 година;
-советот на општиата нема донесено Стратегија за развој на зеленилото, не е изработен Зелен катастар, не се остваруваат приходи по основ на надомест за одржување на јавното градско зеленило и не е донесена Годишна оперативна програма за подигање и одржување на зеленичлото во која ке се утврдат видот и површината на зеленилото;
-нецелост на остварените приходи по основ на 2% од наплатените премии за осигурување на моторни возила (каско) и осигурување од одговорност од употреба на моторните возила, односно осигурителните компании надлежни за осигурување на територијата на Општина Делчево не ја подмируваат законската обврска во целост, а од страна на општината не е вршен надзор над наплатата на приходите по овој основ и
-слабости во функционирањето на внатрешната ревизија.”
-стои во Резимето на Извештајот на ревизорите од ДРЗ.
За своите наоди ревизорите дале свои препораки за надминување на состојбите.
Исто така во делот на останати прашања ревизијата ги истакнува системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и точност на остварените приходи.
Ова е прва ревизија на Државниот завод за ревизија после цели 16 години затоа што последната ревизија на работењето на општина Делчево било направено во 2008 година.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани