На јавен оглас БРОЈ – 196/2019 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Општина Лозово за следните работни места:
1. УПР0101В04000 Помлад соработник за животна средина, Одделение за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина,
меѓу општите услови на огласот објавен во Агенцијата за администрација стои и условот дека за работното место кандидатите треба да има следнните посебни услови
-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Oвоштарство, Лозарство или Животна средина
-со или без работно искуство во струката.
Во врска со ваквиот оглас Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово реагираше во јавноста со свое соопштение за (како што вели) грубата партизација која ја врши градоначалникот на општината.
Имено од ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат Градоначалникот дека на распишан оглас за вработување веќе било познато кое лице ќе биде вработено за што говори и неговата поставена фотографија со име и презиме на општинското табло во просториите на општината.
Во продолжение ја пренесуваме во целост реакцијата до јавноста на Бошко Цветковски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово:
СДС и градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски спроведуваат брутална партизација на администрацијата. Од една страна зборуваа за пренатрупана администрација и реформи, а од друга страна секојдневно во јавните претпријатија се отворат огласи, се прават нови систематизации, и преку брутални политички пресметки се бркаат професионалци со една единствена цел-Да бидат замненети со нови партиски војници..
-Дали за Велковски важи флоскулата: „Eдно општество за сите и еднаква шанса за вработување?“
Дали институциите ги изменија своите акти за систематизација, како би ги прилагодиле условите согласно квалификациите на кандидатите, кои им се однапред познати?
Велковски и СДС го чувствуваат незадоволството од граѓаните, па сакаат да ги задоволат незадоволните партиски послушници во последен момент пред предвремените парламентарни избори кои се очекуваат на пролет.
До овој заклучок дојдовме по објавениот ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 196/2019
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Општина Лозово за следното работно местоУПР0101В04000 Помлад соработник за животна средина, Одделение 1.за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина(1) извршител(и
Иако огласот е сеуште во тек, Градоначалникот на Општина Лозово веќе поставил табло со вработени на кое јасно се гледа дека лицето Александар Јакимовски ќе биде вработен на позицијата за која истиот е распишан!
Со ваквата постапка, Велковски директно го загрозува правото на еднаков пристап до вработување за сите граѓани..П.С. Сепак “Животот“ дојде, но само за одбраните партиски кадри на СДС.
Вака не се оди напред и кон подобрување на администрацијата туку напротив поради неодговорноста на оваа локална власт назадуваме во спроведувањето на европските стандарди.Затоа ги повикуваме надлежните институции да реагираат во однос на случајот!
Огласот во Прилог:
http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/730
-стои во реакцијата на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово при што се споделени од негова страна и сл. фотографии.



Упативме прашања во врска со ваквите обвинувања до градоначалникот на службените е-маил адреси на општината opstinalozovo@opstinalozovo.gov.mk и info@opstinalozovo.gov.mk и штом го добиеме одговорот истиот ќе го објавиме на нашиот портал.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ген-Секот на ВМРО-ДПМНЕ со Македонските пратеници Ковачки и Мицевски одадоа почит на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија
Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за потреба од носење на Закон за Уставниот суд
Кој губи има право да се лути: На СДСМ не им се по ќејф резултатите од последните анкети за истражување на јавното мислење