Вчера во јавноста беа пласирани шокантни индиции за злоупотреба на јавни пари на граѓаните на општина Македонска Каменица.
Имено станува збор за информации на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица кои соопштуваат за незаконско трошење на пари од страна на Фудбалскиот Клуб САСА од Македонска Каменица, преку судир на интереси каде најголем донатор за неговата работа е токму Oпштината.
Според презентираниот Финансиски извештај на седницата на Советот на општина Македонска Каменица Претседателот на Советот, Иван Кузмановски кој што е и Претседател на Општинската организација на СДСМ на својата сметка во 2018 година добил исплата на пари од ФК САСА.

Братот на советникот Златко Јангеловски кој што е секретар на ОО на СДСМ во Македонска Каменица, Зоран Јангеловски е дел од списокот на физички лица кои добивале исплата на пари од ФК САСА.
Да биде парадоксот уште поголем, овие двајца советници во Советот на општина Македонска Каменица гласале за усвојување на овој финансиски извештај на денешната седница на советот на општината на кој стојат нивните имиња како приматели на пари од Буџетот на клубот, каде најголем донатор е општината.
Меѓудругото, братот на Градоначалничката Соња Стаменковска, Бошко Стаменковски е исто така на листата на имиња на физички лица кои примале пари од ФК САСА.
Имињата на овие лица се прикажани во извадоците во финансискиот извештај на клубот за минатата 2018 година (прикажани во продолжение).



На истиот овој список стојат имињата на уште неколку активисти и функционери на ОО СДСМ од Македонска Каменица, што индицира за постоење на голем коруптивен скандал преку кој се испумпуваат јавни буџетски пари на граѓаните од општина Македонска Каменица под раководство на СДСМ.
-информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица.
Советниците ВМРО-ДПМНЕ реагирале на седницата на советот на ваквите очигледни факти но без посебен резултат.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол