Финансиска помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија
Со длабоко жалење и огромна вознемиреност ја примивме веста за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Турција и Сирија.
Општина Македонска Каменица секогаш била меѓу првите кои помагаат во вакви ситуации, затоа и овој пат ќе направи конкретни чекори.
Заедно со членовите на Советот на ЕЛС Македонска Каменица ќе биде донесена Одлука за обезбедување на финансиска поддршка на двете погодени држави.
Во овие исклучително тешки и тажни моменти за Турција и Сирија, за семејствата на загинатите и повредените упатуваме искрено сочувство и што е можно побрзо санирање на предизвиканите штети.
Извор: Димчо Атанасовски – Градоначалник на Општина Македонска Каменица
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Некој од неговите сериозно го “лизнал” Филипче во Делчево
Двајца виничани физички нападнале фудбалер на ОФК “Карбинци” во соблекувална на градскиот стадион во Виница
Група беровчани физички се пресметувале во двор од семејна куќа при што двајца се обиделе да употребат остри предмети