Интегрален текст на соопштението на Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров во врска со одржувањето на традиционалниот фестивал на хумор и сатира “Ин Виница Веритас” кој ќе се одржи од 26 до 30 октомври во Домот за култура “Тошо Арсов”:
“Почитувани граѓани,
Би сакале да ве информираме дека традицијата продолжува. Фестивалот “In Vinica Veritas” ќе се одржи под строги протоколи согласно Светската здравствена организација и ќе се преземат сите мерки за заштита и спречување од ширење на вирусот КОВИД 19.
Поради ситуацијата во која се наоѓаме ќе се искористи само 30% од капацитетот на салата за публиката да може да ги следи претставите и сето она што ќе биде понудено оваа година.
Картите се веќе пуштени во продажба. Истите можете да ги купите во просториите на Дом на култура “Тошо Арсов” – Виница секој работен ден од понеделник до петок од 8:30-15:00. Цената на еден билет е 100 денари.
Овие денови на сите ни е потребна малку смеа, нешто што ќе ни го скрене вниманието и за момент ќе заборавиме на лошите денови во кои се наоѓаме. Смеењето под маска ќе остане незабележано, чувството нема да биде целосно, но се надеваме дека во иднина тоа ќе се промени и ќе се вратиме во нормала.”