Жителите на општина Штип во сите населби каде што има соодветен простор и потреба за таа намена ќе добијат нови и целосно функционални спортски објекти и опрема.
Денеска во Ново Село во Штип од страна на Градоначалникот на општина Штип а во присуство на голем број граѓани и општествени субјекти беше пуштен во употреба новиот спортски центар за жителите на оваа населба.
“На мое огромно задоволство денес сме во Ново Село, го пуштаме официјално во употреба еве да кажам спортскиот центар кое што опфаќа детски реквизити, детско спортско игралиште кое што ќе има намена да анимира дечиња кои што живеат, кои што ќе рекреираат и ќе спортуваат овде. Еден прекрасен парк, едно прекрасно катче каде што најразлични генерации ќе можат да го потрошат своето слободно време.
Станува збор за инвестиција од општина Штип, од парите на граѓаните. Вложивме некаде над два милиони денари. Но нема да застанеме овде, во секоја населба сите спортски игралишта ќе ги реконструираме со специјализирани подлоги како што е ова во Ново Село. Веќе во тек на изработка и изведба се неколку спортски објекти во населбата Баби, населбата Железничка. И ќе продолжиме во текот на годината и во другите населби се со цел да ја подобриме спортската инфраструктура и да ги мотивираме и стимулираме младите да рекреираат и да спортуваат. “
-соопшти Иван Јорданов- градоначалник на општина Штип во оваа прилика.
Целата изјава може да ја погледнете во продолжение.
За жителите на Ново Село исто така во изминатиот период беше изграден целосно нов плочник со павер елементи на ул. Кежовица, која е една од најфрекфентните улици во оваа рурална населба во Штип.
Станува збор за инвестиција на општина Штип со која се уредени 1.500 м2 со павер елементи со што значајно ќе се подобри стандардот за живот во Ново Село.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Утринава виничанец под дејство на 2.88 промили алкохол излетал и се превртел со своето патничкко возило
Кривични пријави против две правни и две физички лица во Пехчево и Берово за бесправно градење
Вонредната внатрешна ревизија на ОУ „Никола Карев“ – Кочани утврди несовесно работење и злоупотреби