БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отчет на Виктор Паунов: Карбинци после една година не е истата општина што беше претходно

Пренеси го гласот

За една година од мандатот на градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов, многу работи се променети во општината на подобро. Ставено е крај на огромните суми на пари потрошени за репрезентации од поранешниот градоначалник и функционери од поранешната локална самоуправа додека сите непродуктивни трошоци во интерес на доброто на граѓаните на општината се сведени на минимум.

Ваквата позитивна пракса која што ја спроведува градоначалникот Паунов во Карбинци може да биде пример за сите останати локални самоуправи каде што сеуште огромни суми на пари се трошат за непродуктивни работи наместо за реализација на суштински проекти во интерес на подобрувањето на живеачката на граѓаните.

Во претставувањето на првиот политички саем кој што го организираше ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов ја соопшти суштинската разлика меѓу актуелната локална самоуправа под негово раководство, наспроти минатите времиња кога власта во општината ја имаа функционери на СДСМ.

“Она што во општина Карбинци го наследивме пред година дена, навистина ја опишува онаа слика што беше 4 години претходно. Не се работело во самата општина. Имено наследивме сериозни обврски во општината но и пред се во јавното комунално претпријатие “Плачковица” каде што наследивме еден сериозен долг од 20 милиони денари а ни беше сериозна обврска да го стабилизираме односно да го тоа јавно претпријатие ставиме во функција за да не трпат на крајот граѓаните и жителите на Карбинци. Имено за една година до денес успеавме да вратиме некаде над 2 милиони денари од тој голем долг, притоа да не ни трпат граѓаните, односно услугите кои што ги нуди ова јавно претпријатие до знак прашање дали ќе продолжат да се извршуваат. Во еден период на енергетска криза во еден период на сериозна инфлација имавме сериозни предизвици, општина Карбинци беше препознатлива во минатото во последните 4 години по ф-ри кои што ги имавме за репрезентации, фактури кои што ги плаќале во минатото за непродуктивни трошоци, за едно недомаќинско работење би рекол. Над 4 милиони денари се потрошени за кафеани и репрезентации. Во оваа година ниту еден денар не сме потрошиле и повеќе вакви нерационални трошоци нема да има во општина Карбинци. Исто така службените патувања, службените возила се ставени во една минимална рамка каде што навистина ќе се користат само за потребите.

Да сумирам накратко едно недомаќинскко работење кое што се обидуваме за една година да го поправиме или да прикажеме една подруга слика дека ќе се работи домаќински .

За реализацијата на проектите успеавме дури и повеќе од она што го предвидовме да реализираме во програмата за една година и навистина жителите и граѓаните на општина Карбинци тоа го препознаваат и сметам дека ќе продолжиме во една иста таква динамика и понатаму до крај на мандатот. “

Во продолжение на неговото претставување на првиот политички саем на реализирани проекти во државата, градоначалникот на Карбинци ги претстави реализираните проекти во првата година од неговиот мандат за своите сограѓани.

Креирано од:


Пренеси го гласот