Вработен персонал во Градската Општа Болница “8 Септември” во Скопје ја алармира јавноста за големата бројка на партиски вработувања во оваа здравствена установа.
СДСМ и ДУИ како владеачки партии наоѓаат на секој начин да вработат што е можно повеќе свои партиски кадри со оглед на драстично намалениот рејтинг и се поизгледниот пад од власт на наредните парламентарни избори.
Како рефлексија на грубата партизација на институциите јавноста е сведок за нивното руинирање во поглед на стандардите за работа и резултати што пак најексплицитно се гледа во морбидните случаи на деградација на здравствениот систем во државата.
Последен ваков случај на обезбедување на вработување по партиска линија е вработувањето на Александра Стојчевска – ќерка на поранешната пратеничка Мира Стојчевска од Делчево која што гласаше за промена на името на Република Македонија.
За ваквата состојба реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку својата стручна Комисија за здравство и нивно соопштение:
“СДС И ДУИ ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА „8 СЕПТЕМВРИ“ ЈА НАПРАВИЈА ПАРТИСКО ДУВЛО?
На огласот за вработување во ГОБ „8 Септември” вработене е ќерката на пратеничката Мира Стојчевска, познатата како Мира Дизел. За вработувањето на Александра Стојчевска сведочат вработени во ГОБ
Вработените прашуваат дали ГОБ „8 Септември“ наместо да вработува квалитетни кадри, станало дувло на партиските кадри на СДС
Во период во кој Владата на СДС-ДУИ го урна здравствениот систем со ова директно ги демотивира младите кадри со праќање вакви пораки за вработување на партиски кадри.
Со ова Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кои продолжуваат да си заминуваат од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Не издржаа: Од партиска говорница СДСМ се обидува да го политизира ужаснииот и трагичен случај во Кочани
Здравствените власти во државата работат со полн капацитет, ова е бројот на хоспитализирани пациенти по здравствени установи, како и упатени во странство
ААВМУ: Медиумите да бидат особено внимателни кога известуваат за трагедијата во Кочани