Со актуелната власт Македонија стана шампион во политички порази на сите полиња. Од предавството на националниот идентитет преку промената на името до постојаното зголемување на јавниот долг кој што го прават дуо-триото Заев-Анѓушев-Ангеловска.
За утре е најавено ново задолжување на државата во износ од 56 милиони евра со што јавниот долг станува повеќе од загрижувачки. Тоа дотолку е вистина што во прилог на ваквите задолжувања јавноста не може да види поголеми капитални проекти кои би го оправдале истото.
На оваа тема денеска од партиското седиште своја прес конференција имаше Димче Арсовски. Истата ја пренесуваме во целост во продолжение:
Зоран Заев и Нина Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија и граѓаните за нови 53.6 милиони евра. Ова е трето задолжување на Нина Ангеловска откако е министер во последните 45 дена, а воедно како што знаете и вие не е реализиран ниту пак отпочнат ниту еден посериозен проект. За само 45 дена откако е министер Нина Ангеловска, Република Македонија е задолжена за над 150 милиони евра. До август до моментот додека дојде Нина Ангеловска за министер, во министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции беше ниски 28.16%. До моментов веруваме дека не е нешто драстично променета состојбата на реализацијата на капиталните инвестиции. Ова е најнеспособната Влада која единствено се задолжува и не реализира ниту еден единствен проект. И оние проекти кои што ги отвораат се останати до претходната влада. Нина Ангеловска е само извршител на лакомите и недомаќински политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев. Проекциите за реализацијата на капиталните инвестиции и БДП за оваа година ниту ќе се исполнат, ниту пак ќе бидат на задоволително ниво, како и се останато во моментот што е во државава. Економијата оди во погрешен правец. Граѓаните најдобро го чувствуваат тоа. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. Оние кои што можат се снаоѓаат и се иселуваат. Доволен показател дека економијата оди во погрешна насока е и долгот на ДДВ на фирмите на фамилијата Заеви,
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата