БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отпорот против власта во Брегалничкиот регион силно расте. Штабовите на опозицијата вријат како во кошница

Пренеси го гласот

Како дел од редовните партиски активности на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, сведоци сме на на сцени и информации за силен наплив на граѓани во целиот Брегалнички регион во штабовите на партијата.

Граѓаните ја користат секоја прилика да се сретнат со некој од водачите на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на нивните секојдневни посети на комитетите ширум регионот.

Причините за ваквото енергично расположение и активизам на Македонскиот народ веројатно лежи во суштината на моменталната политичка состојба наметната од власта на СДСМ во државата.

Во текот на попладневните часови од вчерашниот ден Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев беше во посета на општините Македонска Каменица и Делчево.

Од информациите на социјалните мрежи може да се забележи видливо расположение и подготвеност за активност.

Притоа за оваа посета Јанушев ја испрати следната порака преку фејдбук:

Вчера бев во посета на ОК Делчево и ОК Македонска Каменица. Проблемите се секаде исти, а власта нема слух за решавање на истите.
Порака е една и јасна: Оваа хунта што е на власт мора да падне!
Верниот исток е на нозе и е спремен за победа на претседателските избори 🇲🇰

#ПравоИПравдаЗаМакедонија

Креирано од:


Пренеси го гласот