Димитрија Чуповски е македонски деец, еден од најистакнатите афирматори на македонската национална мисла. Роден е во Папрадиште, Велешко на 8 ноември 1878 година, а умира во Ленинград, СССР на 29 октомври 1940 година.
Беше иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Ова друштво егзистира доп 1917 година. Чуповски го основа и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издаваше списанието “Македонски голос”
За подобро запознавање со македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна држава, во март 1913 година ја објавува првата карта на македонски јазик во боја „Карта Македониіа“ и заедно со Меморандумот на Македонците од 1 март 1913 година ги праќа до Лондонската конфереција и до рускиот печат.

Три месеци потоа на 7 јуни 1913 година потпишан е „Меморандум на Македонците“ кој е испратен до владите и јавноста на балканските држави, а веќе на 9 јуни 1913 година се појавува и првиот број на списанието ,,Македонски глас”.
Борбата за самостојност и за национална држава на македонскиот народ на Димитрија Чуповски не престанува сѐ до неговата смрт. Целиот свој живот Чуповски го посветил на македонската национална кауза, воден од идеите за независност на Македонија.Чуповски ќе остане забележан во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на Македонија и конституирање во национална држава на македонскиот народ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун