“Ова е многу точно што го кажува господинот О’Брајен.
Едната партија „ви нуди визија“ за ЕУ како што нудеше во 2018 пред промената на името и излажа, како што нудеше во авиончето и излажа, како што нудеше кога потпиша договор со Бугарија без да уклучи мозок, како што нудеше уште едно 20 пати во меѓувреме и излажа кркајќи вето по вето вклучувајќи и од Франција која пред промената на името викаше „уште само ова“, нуди „визија“ како што нудеше и кога прифати преговарачка рамка без да обезбеди политичка поддршка и подобри позиции за Македонија, нуди „про-визија“ поради која има дробење од холандскиот амбасадор и дури и од администрацијата на господинот О’Брајен со нивните црни листи,
а другата партија нуди – нешто друго.
Одлично кажано, како Македонец сум му благодарен за овие точни насоки, иако мораше малку да ги дообјаснам за да се сфатат прецизно.”
-фејсбук статус на Богдан Илиевски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вчера си го удрив палецот од ногата во ивичњак на улица. Барам од владата….
Трамп на првиот ден ги ослободи своите соборци, се надеваме дека нашата влада ќе се ангажира да се тргне дамката која ни ја ставија предавниците
Пожарникари од Крива Паланка денеска спасиле кученце кое паднало во бунар длабок 8 метри