Организаторот на еден од најубавите и најавтентични музички настани во државата Фестивал на дувачки оркестри во Пехчево ја објави неофицијалната програма за оваа година.На овој голем музички настан ќе настапат повеќе дувачки оркестри од регионот со свои специфични изведби, како и афирмирани Македонски музички изведувачи.
Во рамки на фестивалот е планирано да се одржи и традиционалниот етно саем “Пехчевски Павловден” како и детскиот фестивал “Поточиња.”
Градоначалникот на општина Пехчево Алаксандар Китански неодамна во јавноста лично го најави фестивалот кој што во протходниот период не се реализираше поради Ковид пандемијата.
“Со задоволство ви го најавуваме ФЕСТИВАЛОТ НА ДУВАЧКИ ОРКЕСТРИ и Етно саем Пехчевски Пвловден кој после пауза од неколку години заради covid-19 пандемијата, повторно ќе го организираме од 13.07.2022 до 16.07.2022 за агендата на фестивалот ќе бидете известени наскоро!”
-соопшти Александар Китански- Градоначалник на Пехчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани