Во делчевското село Косово Дабје или народски наречено Шопје неодамна еден повозрасен жител кој потекнува од ова место промовираше нов народски изум за лекување од опасниот вирус Ковид-19.
Станува збор за лекување и превенција против зараза од опасниот вирус преку иновативна постапка на протнување под корен од орев на пациентот.
Ваквата иновација неодамна ја промовираше делчевецот кој за самата постапка вели дека е успешна 50%, што би значело дека можеби лекот ќе фати ама можеби и нема да фати.
Самиот иноватор при неодамнешната промоција на изумот кажа дека неговата матична докторка прва го пробала овој лек.
Дали овој корен од орев може да ги замени толку посакуваните вакцини против Ковид-19 останува да видиме во периодот кој претстои, но едно е сигурно:
Досетливоста на нашиот народен мислител е широкопојасна и мултифрекфентна на ниво поголемо од 5Г технологии…