БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова се стиховите каде Македонија и Македонците се спомнуваат во Библијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Обидите на голем број на светски центри на моќ да го избришат името Македонија/Македонско/Македонци се со една единствена цел:

-Бришење на идентитетските вредности на Македонскиот народ а со тоа и бришење на слободарскиот дух и бескрајната борба за слобода и просперитет на еден народ во контекст на новиот светско поредок за ограничена слобода и модерно ропство на поединецот како слуга на глобалните светски корпорации.

И она што малкумина странски џелати на Македонскиот идентитет не можат да го разберат е дека токму тој идентитет е цивилизациска придобивка кој што може да го внесе светот во едни мирни и хармонични времиња каде секој поединец може да живее во заедништво со Господ-Бог и во благосостојба на телото и духот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Македонија не е само земја-држава-народ….

Македонија е идеал кој ќе продолжи да живее.

Во тој контекст пренесуваме делови од Светото Писмо Библијата каде што се спомнува Македонија и Македонците како термини кои што дефинираат посебен народ и земја.

Библиски цитати:

Дела 19:21
Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: „Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”

Римјаните 15:26
зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.

2 Коринтјаните 9:2
зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина.

1 Солуњаните 1:7
така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.

1 Солуњаните 1:8
Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.

Дела 19:29
И целиот град се побуни и еднодушно навлегоа во театарот и ги одвлекоа Македонците Гај и Аристарх, Павлови сопатници.

Дела 27:2
Влеговме во еден адрамиски брод, кој ќе пловеше во азиски приморски места и испловивме; со нас беше Аристарх, Македонец од Солун.

2 Коринтјаните 9:4
и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.

Токму оваа вистина запишана во највлијателната и најзначајна книга/вредност за човечкиот род -Библијата е причина повеќе Македонците да опстојат и со ум и разум да продолжаат да ги пренесуваат своите вредности на сегашните и следни генерации како светол идеал за слобода и просперитет.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace