Џуџестата антилопа Дик- Дик која егзистира во источните и јужните делови на Африканскиот континент на нејзиното прекрасно лице изгледа како да има 4 очи.
Оваа појава не е чудо на природата и не станува збор за два пара очи на лицето, туку станува збор за преорбитални жлезди кај ова преслатко животинче кои по функција одговараат на солзните жлезди кај човечкиот вид.
Џуџестата антилопа Дик-Дик е со висина од 30-40 cm со должина од 50-70 cm и тежи некаде помеѓу 3-6 kg која може да живее до 10-тина години. Името Дик-Дик оваа џуџеста антилопа го добила како резултат на звукот кој го испушта низ своите долги цевкасти ноздри со повторување.
Со секретот кој го лачат овие жлезди на џуџестата антилопа машките единки всушност ја бележат својата територија на живеење и парење.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Суперхикс вчера го промовираа својот нов албум “Сила и нервоза”
Меморабилија: Песната “Време” на Никола Мицевски во соработка со Дамјан Пејчиноски одолева на тестот на времето
Ѓавоскиот мост во Кромлау- Германија, убавина која вреди да се доживее во секое годишно време