БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Овие народни херои на денешен ден го пложиле својот живот на олтарот на татковината

Пренеси го гласот

Македонија е создадена од крвта на нејзините синови и ќерки!

На денешен ден, се убиени народните херои:

Орце Николов роден на 07. 01. 1916 во Скопје кој подлегнал на повредите при престрелката со сили на бугарскиот окупатор на денешен ден на 04. 01. 1942, во Владичин Хан, денешна Србија,

Мирче Ацев кој е роден на 20. 10. 1915 година во с. Ореовец, Прилеп а починал како резултат на мачењето во затворот во Скопје на денешен ден 04. 01. 1943 и

Страшо Пинџур роден на 03. 03. 1915 година во селото Ваташа / Кавадарци , починал под репрезалиите на бугарскиот фашистички окупатор исто така на денешен ден 04. 01. 1943 во Скопје.

Откако на 19 декември во 1942 година во Велес биле уапсени од страна на бугарските фашистички власти и биле приведени во скопскиот озлогласен затвор, револуционерите и народни херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур биле подложени на едни од најѕверските измачувања кои што биле забележани од историјата. Повеќе од две недели бугарските фашистички окупаторски власти се изживувале над заробените млади револуционери.

На денешен ден 04 јануари во 1943 година како резултат на мачењето згаснале животите на овие двајца неприкосновени борци за Македонската слобода. Нивните гробови не се знаат, но нивното дело и жртва Македонскиот народ многу добро ги знае до ден денешен.

По повод одбележување на денот на смртта на Мирче Ацев и Страшо Пинџур Армијата на Република Македонија организира почесна стража пред бистите во касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Имињата на Орце Николов, Страшо Пинџур и Мирче Ацев се овековечени во колективната свест на Македонскиот народ како едни од најначајните револуционери и борци за Македонско ослободување. Голем број на училишта низ Македонија, културни институции и друштва ги носат имињата на овие двајца Македонци а нивното дело е светол пример за сите идни генерации за тоа како се сака Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот