Екипи на вработени во Јавното Претпријатие “Исар” од Штип деновиве се во работна акција за уредување на речното корито на река Отиња на неколку локации во регулираниот тек на реката.
Граѓаните на Штип ќе имаат можност да уживаат во новиот репрезентативен изглед на облагородената јавна површина со украсни дрвца од видот Албиција кои што имаат убав цветен дезен во летниот период кога расцветуваат.
“Продолжуваме со проектот за уредување на коритото на реката Отиња со декоративни садници.
Започнавме со 400 садници американски јавор кој ги засадивме на потегот кај Ново Село, а денес продолжуваме со оваа акција, од црквата Св.Никола до Општинската зграда .
Украсното дрво албиција, има убави и нежни цветови кои цветаат во лето и кои ќе ни го разубават централното градско подрачје.
Продолжуваме и во наредниот период со комплетно озеленување и уредување на коритото на реката Отиња, со што ќе добиеме зелена зона во срцето на градот.“
-информираа во јавност од ЈП “Исар” Штип.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски