БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈП Солидарност-Виница вчера на вработените им исплати плата од 100 денари, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Виница ја алармира јавноста дека Јавното претпријатие “Солидарност” во текот на вчерашниот ден исплатило плати на своите вработени во износ од 100 денари.

Ваквиот хаос како што го нарекуваат од опозициската партија во ова јавно претпријатие не е ништо ново и датира подолг период наназад за што од опозициската партија постојана алармираат.

“Хаосот во ЈП Солидарност продолжува! Вчера на вработените им е исплатено плата од 100 денари!

Тоа е истото ЈП кое на 4 месеци пред избори распиша оглас за 10 нови вработувања и кое минатата година непосредно пред парламентарните избори распиша и реализираше оглас со 17 нови вработувања!

Тоа е истото ЈП кое овие речиси 4 години под директорување на двајца директори од СДС го зголеми долгот за 7 милиони денари!

Истото ЈП за кое веќе пишувавме дека само во првите 3 месеци оваа година работи со загуба од 1,8 милиони денари и потрошило над 2 милиони денари за привремени вработувања!

Истото ЈП кое како единствено надлежно за депонијата во с.Лески не успева да ја стабилизира истата веќе 10тина денови!

Истото ЈП Солидарност кое веќе со недели не успева редовно да го собира ѓубрето во голем дел од градот!

#ЧетириГодиниУкраденЖивот#ДостаЕ

-реагираа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот