БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пад на СДСМ во Делчево за да може локалниот систем за заштита и безбедност да тргне напред

Пренеси го гласот

На почеток на новата календарска година, одговорно кон граѓаните на Делчево е да констатираме дека безбедносната состојба во Делчево е алармантна.

За оваа состојба придонесуваат неколку проблематични сегменти, од кои денес ќе ги афирмираме проблемите во работењето на Територијалната Пртотивпожарна Единица во Делчево (ТППЕ Делчево).

📌 Со години трудот на пожарникарите не се вреднува соодветно!

Партиските превирања во оваа клучна институција на локално ниво во Делчево во минатото овозможија незадоволни и несоодветно платени пожарникари. Затоа вработените во ТППЕ Делчево мораат да работат дополнителни работи за да обезбедат егзистенција за своите семејства. И покрај исцрпувачкото сменско работење во три смени, дел од пожарникарите работат и дополнителни работи за да преживеат. Но, тоа не важи за неколкуте партиските војници на СДСМ и роднините на високите партиски функционери кои ги добиваат сите бенефиции наспроти останатите пожарникари кои се прогонувани, шиканирани и со ускратени приходи кои им следуваат.

📌 Несоодведна опременост и постојан недостиг на соодветна атестирана опрема за заштита на пожарникарите како и опрема за брзо и ефикасно справување со безбедносните закани!

Во минатото градоначалникот на Делчево Горан Трајковски се фалеше со набавка на ново противпожарно возило кое што во минатото во клучни моменти на закани по безбедноста на делчевчани видовме дека остануваше паркирано во дворот на ТППЕ Делчево.

Опремата обезбедена од донации од пријателски организации е доволна само за определен вид на интервенции, но не и за сите можности за интервенција кои недостигаат.

Во обид за илустрација за лошата состојба со опрема во ТППЕ Делчево ќе илустрираме со еден факт што пожарникарите мораат сами да си обезбедуваат соодветни делови од својата униформа, наспроти сите укажувања кон градоначалникот.

Овде ќе нагласам дека системот за превенција и справување со шумски и полски пожари на отворено во општина Делчево е сериозно анемичен со огромен потенцијал да се развива во наредниот период.

На пожарникарите им недостигаат брзо-навални теренски возила за прв одговор на појавен пожар. Во предизборната програма на нашиот кандидат за градоначалник на општина Делчево, Д-р Николчо Стоименовски, во 2021 година беше предвидено сериозно зајакнување на капацитетите на ТППЕ Делчево во овој дел, што во иднина уште посилно ќе биде наша програмска определба.

📌 Сите околни општини добија свои доброволни противпожарни екипи кои сериозно се развиваат со опрема, вежбовни активности и конкретни резултати во своето работење само општина Делчево под раководство на градоначалникот Горан Трајковски не знае каде му е доброволното противпожано друштво.

bregalnickimarketing

📌 За екипираноста и подготвеноста на Просторните сили подобро и да не зборуваме зошто и нема што позитивно да се каже!

Ваквата состојба која е резултат на негрижата на актуелната власт на СДСМ Делчево и градоначалникот Горан Трајковски е крајно поразителна.

За промена на овие состојби и придвижување на работите кон позитива потребно е оваа ненародна власт на СДСМ бустирана со брутална партизација, неспособност и коруптивни афери да падне за да на Делчево и на Македонија им тргне на подобро.

На наредните избори граѓаните на Делчево ќе имаат можност да изберат дали сакаат да продолжат со ваков начин на живот кој што го донесе СДСМ или ќе изберат нешто подобро.

Фото: Потсетување за пожртвуваноста на пожарникарите и нивниот огромен допринос во справување со поплавите кои го зафатија нашето Делчево минатата година за кое ние делчевчани сме им неизмерно благодарни.

Пишува: Иван Гоцевски– Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот