Во моменти кога поддшка на големиот протестен митинг на ВМРО-ДПМНЕ пристига од сите страни во светот како и од огромен број на политички, граѓански и други форми на здружување во Република Македонија, партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија повикува на бојкот на денешниот протестен митинг пред Владата на Република Македонија.
Во објавата на оваа партија на фејсбук се вели.
Митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 2ри јуни е голема лага!
Во нашата објава пред три дена (може да се погледне на дваесетиот пост подоле), во девет точки покажавме дека Заев и Мицковски се на исти позиции за рушење на Македонија и Македонците, а митингот на 2ри јуни е една голема лага дека ја бранат Македонија.
По ова излегува дека иако ВМРО-ДПМНЕ не е на власт во Македонија, сепак е виновно за катастрофалната состојба на актуелните политички и економски состојби во државата.
Притоа продолжуваат со конфронтирачката реторика со речиси целиот западен свет:
Да појасниме, Единствена Македонија не се бори против Зоран Заев или Христијан Мицковски, туку се бори против системот кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите странски ментори го инсталираа во изминатите 27 години. Не се наши политички противници двајца луѓе, Зоран Заев и Христијан Мицковски, они се само марионети во рацете на Сорос и Џес Бејли, наш политички противник е погубната НАТО и ЕУ идеологија која ја уништува Македонија и македонскиот народ!
Целиот статус на Единствена Македонија во продолжение: