Павел Шатев (1882-1951 г.) е истакнат македонски револуционер, анархист, легендарен „гемиџија“, учесник во атентатот врз Отоманската банка во Цариград и на францускиот брод „Гвадалкивир“
во Солун, правник, публи цист, државник и во последните години од животот страдалник. Роден бил во Кратово. Се школувал во Скопје, Софија и Брисел. Во Солун завршил бугарска егзарска гимназија. Со македонските интелектуалци, кои се наоѓале под влијание на анархистичките идеи, во Солун оформиле своја терористичка група под името „Гемиџии“.
Летото 1900 г. Шатев се вклучил во револуционерниот терористички кружок (анархистичка група) на млади ученици по потекло од Велес, наречени гемиџии и заминал во Цариград да изврши диверзија, т.е. за да учествува во дигањето во воздух на Отоманската банка. Пролетта на 29 април 1903 г. откако сите подго товки ги направиле, меѓу нив и П. Шатев, во Солун тие го кренале во воздух францускиот брод „Гвадалкивир“, потоа ја разрушиле познатата Отоманска банка во Солун, поштата, плинарата, германскиот клуб и др. згради. Од атентаторите една група загинала за време на акциите, а другите (меѓу кои и П. Шатев) биле случајно откри ени и фатени кога била акцијата за дигање на Отоманската банка во Цариград. Биле осудени на смрт, а потоа казните им биле заменети со заточение во Мала Азија, во сахарискиот пустински предел Фезан (Либија). Шатев бил фатен на скопската железничка станица од турската власт и осуден на долгогодишно заточение. Казната делумно ја издржувал во Солун и во Либија. Бил амнестиран.
По завршувањето на атентатите, кога голем број од гемиџиите загинале или се самоубиле, муслиманското население подивено од својот верски фанатизам извршило тортури и пустош во Солун, Битола и на други места. Притоа, околу 300 невини Македонци биле убиени, а над 350 се нашле в затвор. Во европската јавност и френгистанските земји (турски назив за Европа и европските земји), започнало сè повеќе да се говори за македонските работи и за тешкиот живот на македонскиот народ под Отоманската Империја. На Павел Шатев животот му бил несигурен, во својата земја и тоа бил еден од мотивите пак да се најде во Бугарија. Во 1912 г. завршил правни науки во Брисел. Извесно време учителствувал во Солунската трговска гимназија. Во Софија активно се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција. Од 1923 г. бил
професионален разузнувач во службата на Советскиот сојуз. Неговите контакти со Советскиот сојуз влијаеле за потпишување на Мајскиот манифест. Бил еден од раководните дејци на ВМРО – Обединета и соработник на нејзиниот печатен орган – весникот „Македонско дело“.
Пред Втората светска војна, тој повторно се поврзал со разузнувачката служба на Советскиот сојуз и раководел со нејзиниот Центар за разузнување, сместен во Софија. Во 1941 г. бил уапсен од бугарската полиција и интерниран во логор, а во јуни 1942 г. осуден на 15 години затвор, деклариран како просоветски диверзант. По капитулацијата на Бугарија се вратил во Македонија.
Бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и за повереник на правосудството.
Пavel Шатев спаѓа во редот на македонските револуционери кои не доживеале вистински признанија од сопствениот народ, дури и бил прогонуван. Во јуни 1949 г. бил уапсен од македонската полиција како потенцијален „непријател“ и интерниран во Битола.
Починал 1951 г. во Битола, сосема заборавен и игнориран од власта.
Автор е на книгата спомени „Солунскиот атентат и заточениците во Фазан“ (објавена од самиот автор 1910, а преиздадена во 1927 г.). Подоцна ги публикувал трудовите: „Македонија под ропство“ (1934 г., Софија), „Националните малцинства и самоопределување на народите (Трагедија на Балканот)“, 1936, Софија, „Колонијалното прашање и сегашната војна“ (1941, Софија).
Голем дел од неговите дела и спомени се останати по неговата смрт во ракопис.
Клик тука за преглед на целото ПОЛИЦИСКО ДОСИЕ на Павел Шатев
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сонував дека сум цар. Се разбудив и се уште бев цар- на денешен ден замина последниот Македонски цар
На денешен ден во центарот на Штип револуционери на ВМРО го убиваат генералот Михајло Ковачевиќ
На денешен ден пред 1010 години починал Македонскиот Цар Самуил