Во текот на вчерашниот ден попладне се одржа работен состанок на Иницијативниот одбор на незадоволните пензионери од Општина Делчево кои во изминатите месеци протестираат против алармантниот животен стандард.
На состанокот е одлучено пензионерските протести во наредниот перид да се радикализираат.
Во таа насока на состанокот се усвои предлогот во среда на 1 ноември годинава да се одржи протест пред зградата на Општинскиот суд на Булеварот Македонија.
Зборно место пред протестот е договорено да биде пред Домот на пензионерите од 10.30 часот. Од таму организирано незадоволните пензионери ќе одат пред ОПШТИНСКИОТ СУД, каде уште еднаш ќе биде изразена солидарноста со сите македонски пензионери за зголемување на пензиите и ПОДОСТОИНСТВЕН третман на припадниците од третото доба во Македонија.
Пензионери, пензионерки , симпатизери и симпатизерки, ПОВЕЛЕТЕ ПРИДРУЖЕТЕ СЕ!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција