Македонскиот Национален Совет покренува
П Е Т И Ц И Ј А
“За враќање на Македонската Амбасада на Македонците“
Оваа Петиција се организира како поддршка на писмата испратени до македонското Министерство за надворешни работи, со неколку конкретни барања за средување на состојбите во Македонската Амбасада во Берн.
За оваа петиција, поддршка со свој потпис можат да дадат сите ФИЗИЧКИ ЛИЦА кои се согласуваат со нејзините барања:
• Амбасадата да биде водена од стручни и професионални Македонци, кои ќе ја претставуваат нашата земја со чест, достоинство и посветеност;
• Да се гарантира употребата на македонскиот јазик во сите облици на комуникација со граѓаните, без исклучоци;
• Да се обезбеди истакнување на македонското знаме при секоја прилика и во сите значајни настани;
• Да се воспостави конкретна и ефективна соработка со македонските друштва и асоцијации, кои се вистински претставници на нашата заедница.
За оваа петиција, потписи ќе се собираат на сите забави, концерти и позначајни собири на граѓани, организирани од македонски друштва и клубови во Швајцарија.
Првата “акција“ за собирање потписи ќе се спроведе на забавата која ја организира друштвото “ПИРОК“ на 15 февруари во Пајерн.
Ги замолуваме сите македонски друштва и клубови кои се заинтересирани да организираат потпишување на оваа петиција, да го контактираат МНС за доставување на обрасците и за појаснување на процедурата.
Ве повикуваме да ја потпишете оваа петиција во што поголем број и да покажеме дека не се откажуваме од нашето право на ДОСТОИНСТВЕНО ДИПЛОМАТСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ.
Македонската амбасада треба да биде во служба на сите Македонци и да ги застапува нашите интереси со највисок степен на почит и одговорност.
-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на Македонскиот Национален Совет во Швајцарија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова димензија на луксуз на Јадранот: Во мај во Црна Гора се отвора првиот SIRO хотел во Европа
Дипломатски скандал во Белгија. ВМРО-ДПМНЕ најавува целосно ревидирање на дипломатската мрежа на Македонија
Македонците од цела Европа, масовно се организираат да допатуваат за да гласаат на изборите во Македонија