БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пита со ориз и праз (без масло) за оние кои постат

Пренеси го гласот

Веќе започна Велигденскиот пост, најдолгиот од сите четири постa на православните христијани. Постот трае 48 денови и се смета за најстрогиот во годината. Во текот на овие 48 денови, храната се подготвува само на вода, без масти и масло.

За време на викенди, дозволено е консумирање храна направена со масло.

Потребнo ви е:

– 1 праз

– 300 грама сварен ориз

– Сол и бибер

– Кисела вода

– 1 пакување кори за пита

Исецкајте го празот и динстајте го на малку вода. Потоа додајте го сварениот ориз и зачинете. Одвојте една кора, ставете неколку капки кисела вода, па над неа ставете уште една кора.

Нанесете од смесата со ориз и праз, свиткајте ја кората и ставете ја во тава за печење. Откако ќе го направите истото со сите кори, прелијте ја питата со кисела вода и оставете ја да се пече 20-тина минути на 200 степени.

Креирано од:


Пренеси го гласот