Во неделa 26.08.2018 година на планината Голак се реализираше планинарскиот марш во организација на ПСК “Голак” Делчево. Со учество на над 250 учесници од речиси секоја возрасна група на планинари помеѓу кои имаше почетници, рекреативци но и професионалци, од Делчево, Бугарија и повеќе градови од Република Македонија овој планинарски марш полека си го добива својот заслужен статус во календарот на значајни спортски активности во текот на годината во овој дел од државата.
Планинарскиот марш започна според предвидената временска рамка и се одвиваше по предвидената патека.
Почетокот на маршот беше во Делчево на 600 мНв а неговата завршна одредница беше на 1536 мНв на врвот “Чавка” кај црквата Св. Пантелејмон.
Планината Голак со својата убавина и богат биодиверзитет беше пријате и раскошен домаќин на мноштвото посетители овој ден, кои што по падините на планината најдоа закрила под свежите борови сенки од жешкото сонце кое како да сакаше да ја покаже својата доминација како за крај на летото.
Со висинска разлика од над 1000 метри помината од страна на планинарите и 10-12 степени целзиусови температурна разлика меѓу подножјето и врвот на планината, овој планинарски марш реставува вистинско освежување и уживање за сите генерации. Питомота на планината и нејзините благи рељефни целини се исто така предност плус над многу останата планинарски врвови во околчината и регионот.
Патеката која ја поминаа планинарите за првпат беше соодветно обележана според сите маркациски одредби на Федерацијата за планинарски спортови на Република Македонија и Правилникот за обележување на планинарски патеки според Књефелцовата кружна метода.
Обележувањето на патеката беше направено од страна на Здружението “Локален Младински Совет” Делчево во соработка со Претседателот на ПСК “Голак” Делчево, Љупчо Чучуковски кој има долгогодишно искуство во реализација и учество на планинарски маршеви на локално, национално и меѓународно ниво како и обележување планинарски патеки.
Како дел од планинарскиот марш учесниците можеа да ги запознаат убавините на Туристичкиот локалитет Голак како и неговите потенцијали за иден забрзан развој, по што сите заедно беа дел од заедничка дружба и ручек во раскошните сенки и поставените места за одмор во кругот на Планинската куќе “Голак” која што е управувана од страна на ЈП “Македонски Шуми” подружница “Голак” Делчево.
Овој планинарски марш заедно со воспоставената планинарска патека претставува сериозна основа за развој на планинарските спортови во иднина и воопшто авантуристичкиот и спортски туризам во Делчево и регионот. Делчево и целиот микро-регион “Пијанец-Малеш” несомнено предничат со своите природни убавини кои што надополнети со културолошките вредности можеда да формираат сериозен и конкурентен туристички бренд кој во иднина може да доведе до одржлив развој на локалната економија и заживување на повеќе стопански гранки поврзани во туристичкото делување.
Од овие причини афирмацијата на ваквите содржини е од особено значење за нивниот развој, со што ние како интернет медиум со задоволство ќе се вклучиме.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција
61 годишен штипјанец приведен поради поседување марихуана