• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Регион
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

август 15th, 2020 Што да се види? коментари 618
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Голак е средно висока планина во источниот дел на Репуб­лика Македонија, која се протега помеѓу Делчевска Котлина и Разловечка Клисура на исток, Калиманско Поле и Кочанска Котлина на запад и долината на Осојница на југ.

Како типичен хорст, во наведените граници зафаќа површина од 220 km2. На север и исток, падините се спуштаат до реката Бре­гал­ни­ца, која прави голем (тектонски условен) лак околу оваа планина. Кон југ, од Голак постепено продолжува огранокот Обозна, но морфолошка граница помеѓу нив не е јасно изразена. Планината генерално има меридијански правец на протегање, со должина на би­лото од 20 km, а просечна широчина од 10-12 km. Највисок врв на Голак е врвот Чавка (1538 m), а на Обозна врвот Јастреб (1273 m).

Врвот Чавка е доста доминантен и од него се протега одличен видик кон целиот овој простор и кон територијата на Бугарија. Близу до него е врвот Св.Пантелејмон (1508 m), каде се наоѓа истоимената впечатлива црквичка. Тоа се единствените врвови над 1500 m на планината Голак, а покрај нив има уште 4 врвови над 1400 m. 

ФОТО: ПОГЛЕД КОН ПОМАЛИОТ ВРВ СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН (1508 мНв) СО ИСТОИМЕНАТА ЦРКВА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2015 ГОДИНА

Планината Голак, административно припаѓа на две општини: поголемиот, источен дел на општината Делчево, а помалиот западен дел на општина Виница. Еден сосема мал сегмент од планината (т.е. од огранокот Обозна), над с. Митрашинци, административно припаѓа на општина Берово.

Голак има бројни природни вредности, кои главно се слабо познати на јавноста. Во геолошки поглед, планината е составена од гранити во централниот, највисок дел (Делчевски гранити), а странично и кон подножјето од гнајсеви и шкрилци. Наведените карпи се прекамбриумски до палеозојски, стари над 300 милиони години. Во пониските делови се јавува еоценски флиш над Делчево и плиоцени песоци, чакали и глини долж целото подножје. Од сите страни, планината е ограничена со раседи. Релјефот се одликува со едно изразито планинско било изградено од гранити и доста расчленети страни кон исток и кон запад. Гранитите условиле појава на интересни денудациски форми на повеќе места на планината, во вид на карпести блокови и плочи, остенци, плитки вдлабнатини во карпите, мали поткапини и др. Долж подножјето, посебно на присојните, оголени страни, гранитите се распаднати во вид на грус. Силна ерозивност се јавува и во шкрилците, а особено во плиоцените седименти до височина од 900 m. Затоа, овде има честа појава на долови, бразди, бедленд терени, земјени пирамиди (Кукуље во долината на Лошана), свлечишта и други форми. Некои од споменатите форми се интересни, доста атрактивни и привлечни за туристите. Всушност, Голак во минатото бил доста оголен, па се претпоставува дека од тука е и името. Поради заштита од ерозија, во минатиот век значителни површини биле пошумени со четинарски видови. Особено густа пошуменост има во највисоките делови, над 1200 m. Во овој висински појас се и повеќето планински извори, кои се со одлична, питка и студена вода. Дел од изворите се зафатени за чешми или се користат за водоснабдување. Без оглед на споменатите извори, поради големата оголеност, Голак е релативно сиромашен со вода и постојани површински водотеци. Така, од планинското било се спуштаат неколку покарактеристични потоци и реки, меѓу кои попознати се: Бигланска Река, Трсинска Река, Пекљанска Река, Лошана, Петрашевец и др. Овие рекички имаат доста променлив протек, така што во влажен период се вистински реки, а во лето, често пресушуваат. Дел од нив имаат длабо всечени клисурски долини, мошне атрактивни за планинарење, трекинг и планински велосипедизам. Такви се особено долините на Пекљанска, Сушичка и Лошана, во јужниот дел на планината, со помали водопади, брзаци и слапови. Покрај реките, на Голак или во нејговото подножје се изградени повеќе вештачки акумулации. Најголема и најпозната е Калиманци, потоа Лошана северно од с. Разловци и Петрашевец кај Делчево. Првите две акумулации се богати со риби и привлечни за риболовците, но и за бројните посетители кои уживаат во прекрасните пејсажи околу нив.

ФОТО: ПОГЛЕД КОН ОПШТИНА ВИНИЦА ОД ВРВОТ СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2012 ГОДИНА

Климата на Голак е континентална во подножјето, до континентално-планинска во највисоките делови. Воздухот е доста чист, богат со кислород, а осончаноста како за планина е долга и изнесува околу 2200-2300 часа годишно. Средногодишната температура е околу 11°С кон подножјето, до 6°С околу врвот Чавка. Во жешките летни денови, температурите на воздухот на врвот на Голак се за 5-6°С пониски отколку во Делчево или Виница, што е вистинско освежување од жештините. Врнежите се во опсег од 600-700 mm годишно, главно во пролетниот и есенскиот период. Во зима, дел од врнежите е во вид на снег, а над 1400 m височина, снегот обично се задржува 2-3 месеци.

ФОТО: ПОГЛЕД КОН ПОМАЛИОТ ВРВ СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН (1508 мНв) СО ИСТОИМЕНАТА ЦРКВА НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
16.02.2018 ГОДИНА

И покрај пошумувања во втората половина на XX век, планината Голак сеуште е сиромашна со шуми. Особено е уништен дабовиот комплекс. Сепак, повисоките предели се со густи листопадни и четинарски комплекси. Покрај тоа, се јавуваат голем број на ретки, ендемични растенија и лековити билки и чаеви кои се берат од месец април па се до месец октомври. Такви се жолт и црвен кантарион, мајчина душица, бела рада, ајдучка трева, бозел, шипинки, капини, диви јагоди, подабиче, нане, јаглика и други. Се среќаваат и голем број на печурки меѓу кои и јадливите вргањ, лисичарка, буковка, срндак итн. Од животинскиот свет, на планината Голак се среќава ситен и крупен дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, по некоја срна, потоа различни видови на влечуги, птици и др.

Наведените природни вредности, како и културните содржини (археолошки остатоци, цркви, манастири, споменици, манифестации, локалните специјалитети), чинат Голак да биде атрактивна планина. Една од главните потреби на туристите е обновување или изградба на дополнителни солидни сместувачко-угостителски капацитети.

ФОТО: НАСТАП НА ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА “НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ” ДЕЛЧЕВО НА МЕЃУНАРОДНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ” НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2015 ГОДИНА

ФОТО: НАСТАП НА ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА “РУСАЛИИ” с. СЕКИРНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ” НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2012 ГОДИНА

ФОТО: ПУБЛИКА НА МЕЃУНАРОДНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ” НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
08.08.2012 ГОДИНА

Порано, најголем капацитет беше детското одморалиште со 230 легла, но моментално тоа е во многу лоша состојба. Освен него, постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено како што се Вила Гранит, Вила Фротирка, Синдикална Вила, Вила Технозавод, Шумска Вила која е сопственост на Шумско стопанство Голак од Делчево како и неколку камп приколки кои се во релативно добра состојба.

ФОТО: РУИНИРАНА ВНАТРЕШНАТА СОСТОЈБА НА НЕКОГАШНОТО ДЕТСКО ОДМАРАЛИШТЕ НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК
21.04.2010 ГОДИНА

Туристичката положба на масивот е одлична бидејќи во радиус од 20 km се неколку града и тоа: Делчево, Македонска Каменица, Виница и Берово. Од Делчево, до самиот врв Чавка, води асфалтен пат, кој неодамна е обновен и во одлична состојба. Во подножјето на Голак пак, поминуваат повеќе значајни регионални патишта, како и меѓународниот пат за Бугарија.

Сето наведено било причина уште од средината на минатиот век Голак да биде поинтензивно користен за туристичка намена со изграден пат, детско одморалиште, неколку други објекти на самиот врв и сл. Затоа, во 1980-тите години бил доста посетуван, како од најмладите, така и од повозрасните. По 2-децениското запуштање, денес повторно се враќа интересот за планината. Обновени се некои капацитети, поставени се повеќе велосипедски и пешачки патеки, а има и размислувања за подигање на зимски спортски центар со скијачки патеки околу врвот Чавка.

Сепак, поради малата височина (1500 m), неповолните експозиции (главно јужни и западни) и несоодветната денивелација на теренот, многу посоодветно би било да се вложат средства во други спортско-рекреативни туристички активности (трекинг, отворени спортски терени, адреналински паркови, маунтбајкинг, параглајдинг и др.). Всушност, Голак има одлични услови за излетнички, спортско–рекреативен, трекинг, маунтбајкинг, геотуризам, зип-лајн, адреналински паркови и други екстремни спортови, параглајдинг, едриличарство и сл.

За развој на туризмот, многу треба да се вложи и во презентација на планината Голак и нејзините вредности, бидејќи истите се слабо познати на македонската јавност. Затоа е неопходно изработка и одржување на веб-страници, понуда на приватно сместување, користење на светски портали за промоција на туристички локалитети и сместување, како Booking.com, TripAdvisor, AirBnb, изведба на поголем број настани и бројни други активности.

Останува да се надеваме дека оваа мала, но атрактивна планина, брзо ќе го врати некогашниот туристички сјај и ќе стане препознатливо и посетено место.

ПРОДОЛЖУВА….

Нов серијал на наши текстови насловен како “Прошетај по Брегалница”, за претставување на Брегалничкиот регион и неговите знаменитости.

#ШтоДаСеВиди  #ДоживејГоДелчево
#WhatsToSee #ExperienceDelcevo
@ Destination Delcevo @ Delcevo Global Online

СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА СЕ ЗАШТИТЕНИ ©
Не е дозволено превземање на содржина (текст или мултимедијални содржини) без посебен договор со Брегалнички.мк

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ: Узурпирањето на мандатот е со цел Заев да прави притисок и уцени врз пратеници за да обезбеди мнозинство во парламентот
Следна објава Протест на Македонците од Европа против изборниот фалсификат и нелегитимната антиуставна промена на името
Може да Ве интересира:
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Регион

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

мај 14th, 2020 665
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Регион

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

мај 6th, 2020 648
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Места и природа

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

март 25th, 2020 803
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Граѓани

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

јануари 15th, 2020 646
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Граѓани

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

јануари 14th, 2020 1423
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Регион

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

октомври 14th, 2019 1986
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Регион

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

октомври 12th, 2019 1223
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Регион

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

октомври 11th, 2019 1219
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Регион

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

октомври 10th, 2019 2513
Facebook Comments
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

334
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

712
Најнови објави
Мар 2nd 9:31 PM
Регион

Во последната година од мандатот на Градоначалникот на Карбинци му текна дека патот Таринци – Балван е дивоградба

Мар 2nd 7:23 PM
Глас од истокот

На претстојниот конгрес на СДСМ гласајте за бр. 1, зошто не постои број 2

Мар 2nd 5:08 AM
Македонија

Дали “Република Македонија” на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?

Мар 2nd 4:48 AM
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

Мар 2nd 4:27 AM
Македонија

Артан Груби платен со парите на Македонските граѓани напиша нешто во врска со пописот на фејсбук. Кој знае нека преведе

Мар 2nd 4:10 AM
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

Мар 1st 7:26 AM
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Фев 28th 7:44 PM
Твитеризам

Дурло: Радувај се severXhanistansko graХhanstvo, имате антиваксерска влада!

Фев 28th 7:36 PM
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите…

Фев 28th 7:01 PM
Регион

Како ли само изгледа од внатре цевкава која носи вода за пиење за жителите на М. Каменица

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците
Македонија

Бугарска фирма ја изработила апликацијата за Македонскиот попис со која се оперира со лични податоци на Македонците

Мар 2nd, 2021 408
На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Мар 1st, 2021396
Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...
Став

Почнаа да ги враќаат парите кај граѓаните. Сега на ред е враќање на мандатите...

Фев 28th, 2021236
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021175
Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората
Македонија

Попис на Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински од адреса во Македонија на апликацијата за дијаспората

Мар 2nd, 2021160
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
37889943 10212965000825653 126520120108384256 n
glamour 030
burning man fest 092
Kelly Brook 39
burning man fest 036
floor jansen 48
12-49
floor jansen 58
burning man fest 060
Monica Bellucci 75
Monica Bellucci 87
36875491033 e3993bd721 o
22-03-2018-1521721165
razlovci arhitektura 24
31-12-2017-1514717782
al pacino 15
detski ludorii 020
detski ludorii 025
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.