Некогаш одамна во времето на Пајонските кралеви во реката Брегалница живеел воден змеј, налик на оние кинеските, кој го бранел Светиот град. Но, со време, нивото на водата во реката се намалило, па змејот се повлекол во утробата на Плачковица, чекајки водата пак да надојде и тој повторно да завладее со неговото водно кралство.
Речиси сите легенди за овој крај зборуваат за водите и таканаречениот Свет град на планината Плачковица. Во него живеела жена која имала моќ да лекува.
Легендата вели дека Филип II, таткото на идниот крал на Македонците Александар, го донел кај неа бебето Александар за да го излекува од нападите на плач со кои ги измачувало сите дворјани. Таа го зела детето во раце и рекла дека е сосема здраво, а плаче поради тоа што поседува огромна енергија од која се ослободува на тој начин. Mу предвидела дека ќе стане крал на светот и ќе ја надмине славата на татко му. Филип II и Kралот Липиј кому Светиот Град му бил престолнина, од радост и олеснување се расплакале. Нивниот плач ѝ го донел името на планината Плачковица.
Плачковица има три кањони: Камник, Козјак и Зрновка со високи карпи, реки, водопади, преслапи. Реките на северната страна имаат длабоки долини и голем надолжен пад. Така на Зрновска Река има повеќе брзаци, водопади и џиновски лонци. За многумина кањонот Камник со својата убавина претставува Колорадо во мало. До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор). Планината Плачковица има бројни пештери, од кои само пет се испитани и достапни за посетители. Најголема е таканаречената „Големата пештера”, испитана во должина од 600 метри. Таа претставува вистински бисер со своите пештерски украси и е постојан предизвик за спелеолозите. Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали но се лесно достапни за посетителите. До нив водат маркирани патеки.
Токму овде на Плачковица е планирана изградба на Првата македонска астрономска обсерваторија. Во срцето на планината, oбсерваторијата ќе биде поставена на 1.400 метри надморска височина. Освен за научноистражувачки и едукативни цели се предвидува да биде и атрактивна туристичка дестинација. Во селата на оваа питома и пребогата со вода планина живее народ кој себе се нарекува „Јуруци”. Јуруците потекнуваат од турската област Конија. Во Македонија и на Балканот доаѓаат во 14 и 15 век со освојувачките походи на Османлиите. Јуруците, како сточари биле задолжени за обезбедување храна за војската. Всушност биле некој вид на интенданти. Со време се населиле во високите планински предели и до ден денес останувајќи верни на традицијата.
Јуручките жени и до ден-денес секојдневно ги носат живописните носии во живи бои и се активни чувари на традицијата.
Интересен е податокот дека предците на Кемал Ататурк – основачот на современа Турција биле Јуруци.
Излетот на Плачковица секако завршете го во Виница. Овде велат во минатото, во недостиг на вода куќите се ѕидале со – Вино!
Ова идилично градче е познато по Теракотните икони пронајдени на Виничкото кале.
Една од најпознатит теракотни икони пронајдени на виничкото кале е т.н. Константинов крст
Латинскиот назив на крстот е
CRUX CRISTI VINCE ET VINCERE PRESTA OMNIBUS SPERANTIBUS IN TE
Преводот е :
Крстот на смрта Исусова се обврзува и гарантира победа на секој кој ќе се одгледа на тебе
Илустрираат библиjски текстови и напишани се на Латински. Секоја има крст. Датираат од крајот на VI до крајот на VII век. По содржина се слични на оние најдени во Тунис кои се од V и VI век и претставуваат еден од најексклузивните наоди на Македонската археологија.
Извор: Истражи ја Македонија
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани