Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 11 Октомври- денот на народното востание против Фашизмот во 1941 година одаде почит на паднатите борци во Втората Светска војна Могилата на непобедените во Спомен паркот на револуцијата во Прилеп.
“Денешниот празник е најдобар доказ дека идеалот за Македонија и патриотизмот е најсилно оружје на еден човек. Партизаните, тој 11 Октомври 1941 година, како и нивните претходници револуционери, покажале невиден хероизам да се спротивстават на фашистичкиот и секој друг окупатор на татковината затоа што ги водела љубовта кон Македонија. Таа љубов гори во нас и нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси.
Нека е вечна славата и споменот на сите знајни и незнајни борци за Македонија.
Нека е вечен празникот 11 Октомври.
Нека е вечна Македонија.”
-напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип