БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почина легендарниот актер Шон Конери на 90 годишна возраст

Пренеси го гласот

Златниот стандард за филмскиот лик на британскиот таен агент со дозвола за убивање, кој што и ден денес претставува репер за агентот Џејмс Бонд, актерот Шон Конери почина денеска на своја 90 годишна возраст.

Роден во сиромашно шкотско семејство на мајка чистачка во 1930 година во Единбург, Шон Конери пред да се вброи во светската класа на актери работел повеќе работи како, спасувач на плажа, модел, полирач на мртовечки ковчези а бил и боди билдер со надеж дека тоа ќе му помогне во неговата актерска кариера.

Улогата на Џејмс Бонд ќе ја одбележи неговата актерска кариера а ѕвездениот подем започнал со филмот Mr. No од овој легендарен серијал во 60-тите години на минатиот век.

Во последната декада од XX век Шон Конер се вивнува повторно во врвот на најплатените филмски хитову, а тој добива Оскар за својата улога во филмот The Untouchables. Го глумеше таткото на Индијана Џонс во истоимената оригинална трилогија по која улога беше омилен кај помладите генерации.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот