Гордана Силјановска преку фејсбук ја објави поддршката за победа на претстојните претседателски избори дадена од Крамп-Каранбауер, новата лидерка на владеачката Христијанско- демократска унија (CDU), која што е наследничката на Ангела Меркел.
Во продолжение ја споделуваме нејзината објава во целост:
Денеска во Европскиот Парламент се запознав со Европската народна партија и се сретнав со многу европски политичари. Добив поддршка од Дорис Пак со која разменивме мислења за улогата на жените во политиката. Но, би издвоила дека Крамп-Каранбауер, новата лидерка на владеачката Христијан демократска унија, наследничката на Ангела Меркел, ми даде целосна поддршка за победа на претстојните избори.
-напиша Проф. Гордана Силјановска.