БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Погледнете ги најубавите тврдини во Русија

Пренеси го гласот

Московскиот Кремљ е најпопуларната туристичка атракција во Русија, но не е единствена. Во Русија постојат десетина тврдини, а единствената разлика помеѓу нив и московската (освен во архитектурата), е тоа што не се пишуваат со голема буква.

Имено, зборот „кремљ“ на руски јазик означува средновековна тврдина во центарот на градот.

Во текот на 18 и 19 век, повеќето од овие тврдини изгубиле стратешко значење, поради што нивните ѕидови биле разрушени, со цел да се искористи градежниот материјал, а она што останало, било претворено во музеј.

Погледнете кои се најубавите тврдини во Русија.

1. Ростовски кремљ Изграден помеѓу 1670 и 1683 година. Еден од ретките кој не бил изграден за одбранбени цели, туку како седиште на хиерархиската православна црква.

2. Казански кремљ Казанската тврдина, под заштита на УНЕСКО, доминира во овој интересен град. Таа е изградена помеѓу 1554 и 1562 година, а специфична е затоа што во рамките на нејзините ѕидови се наоѓа и црква и џамија.

3. Кремљ во Коломна „Црвената тврдина“, како што ја нарекуваат, е изградена во 1521 година, кога била една од највисоките на светот. Благодарејќи на царот Николај први, таа останала во нејзината оригинална состојба со сите 17 кули.

4. Псковски кремљ Псковската тврдина е една од најстарите во Русија и е изградена на темелите на дрвени тврдини од 8 век. Оваа импресивна градба ја нарекуваат и руска Помпеја, поради големиот број археолошки остатоци кои научниците постојано ги откриваат во нејзината околина.

bregalnickimarketing

5. Кремљ Нижни Новгород Камената тврдина во Нижни Новгород е изградена во 16 век кога служела како една од клучните одбранбени тврдини на Големото Московско Кнежество против Златните Орди.

6. Астрахански кремљ Историскиот центар на Астрахан растел околу тврдини изградени помеѓу 1562 и 1589 година. Темелите биле поставени во времето на Иван Грозни, а поради големиот број уметнички богатства и музеи, тој е ставен на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.

7. Кремљ во Тула Градот Тула одиграл голема улога во руската историја. Тој е изграден помеѓу 1515 и 1520 година, а бил проектиран од страна на италијански архитекти коишто го направиле и московскиот кремљ.

8. Кремљ во Тоболск Во Тоболск се наоѓа единствената камена тврдина во Сибир. Таа е изградена помеѓу 1683 и 1799 година.

9. Новгородски кремљ Тврдината Велики Новгород е можеби најстарата во Русија. Таа исто така се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно богатство, а според легендата, таа настанала кога после големи масакр, врз дрвената црква на Света Софија слетал галеб и ја претворил во камен.

Креирано од:


Пренеси го гласот