БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поквалитетна вода за пиење за селата Таринци и Долни Балван во општина Карбинци

Пренеси го гласот

Заложбите на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов за драстично подобрување на условите за живот на жителите на сите населени места во општината започнаа да даваат конкретни резултати.

Како дел од програмските определби на градоначалникот Паунов, жителите на селата Таринци и Долни Подлог во најкус можен рок ќе добијат поквалитетна вода за пиење.

Откако општината ги подготви сите технички документи и проектна документација, распишана е јавна набавка за исградба на резервар за вода за пиење со волумен од 200 м3и цевковод до селата Таринци и Долни Балван.

“Општина Карбинци ги изработи сите потребни технички документи и во соработка со Министерството за Транспорт и врски распишан е и повикот за избор на изведувач за проектот за изградба на резервоар за вода за пиење од 200м3 и цевковод од Таринци до постојниот цевковод до селото Долни Балван.

Очекувам да се започне со реализација веднаш по завршување на постапката.

Со реализација на овој важен проект ќе го подобриме водоснабдувањето во селата Таринци и Долни Балван. ✅

bregalnickimarketing

-информираше градоначалникот Виктор Паунов во врска со овој значаен инфраструктурен проект за општина Карбинци.

Креирано од:


Пренеси го гласот