БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Политички копилиња

Пренеси го гласот

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што во коренот на своето постоење се темели на организациона поставеност и правила на работа во контекст на актуелната општествена состојба во даден временски моментум. Организациската поставеност, Статутот, доктрината, правилниците, програмите и останатите документи на партијата се основно градиво кое гарантира легалитет и кредибилитет на работата на партијата во рамки на еден комплексен општествен систем како што е државата. Во една таква состојба на општествена симбиоза на една политичка партија и државниот систем составен од институции, други организации и граѓани, не смее да се дозволи волунтеризам на поединци чиј што број доколку се дозволи да нарасне до определена бројност може да создаде хаос во општеството/државата. А хаосот може сите да се сложиме дека не му носи ништо добро на самиот тој систем а сразмерно на тоа и на било која алка од тој комплексен општествен механизам кој во Македонски рамки гледаме дека е трокиран.

Оттука легалитетот и кредибилитетот на една значајна општествена карика каква што е ВМРО-ДПМНЕ се значајни за да бидат почитувани во општествувањето и работата на било кој член на партијата.

Денеска во услови на инстантна интерконекција на комуникациите сведена на микро ниво на поединец која што ја овозможуваат социјалните мрежи, сретствата за јавно комуницирање, секоја индивидуа има можност да го пренесе својот став, своето искуство, своите чувства, залагања и способности. И тоа е можеби најдобрата посебност на ова наше модерно време во кое живееме. Слободата на говор е слобода на изразување, слобода за создавање, слобода на постоење…. Но таа слобода во услови на целокупниот општествен контекст подразбира и одговорност која доколку недостига повторно како заедница инклинираме кон хаос од чии што канџи многу тешко може да се извлечеме како држава. А во услови на хаос- важи законот на џунглата каде помалите и послабите станувааат плен на посилните и поголемите. Врз основа на овие два илистративни примери на улогата на политичките партии и слободата на говор во создавање или потиснување на хаосот може да се согледа целокупната состојба во Македонија денеска. Македонија и Македонските граѓани денеска живеат во хаос во најголем дел од присутните оштествени сфери на меѓусебни односи.

Спецификите на Македонскиот политички плурализам со себе инкорпорираат еден карактеристичен нуспроизвод за кој што сакам подетално да зборувам, содржан во насловот на оваа моја денешна колумна. А тоа се политичките копилиња на постојните политички партии кои што слободно можам да кажам дека тежат како баласт врз плеѓите на оваа наша заедничка држава.

Во изминатите 30 години на слободна? и независна? Република Македонија во дадени политички околности на површина во јавност испливуваат поединци кои што водени доминантно од своето его се подготвени да ја урнисаат државата заради задоволување на своите лични амбиции. Такви политички копилиња се изродени и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ но и во партиите од албанскиот политички блок каде состојбата е поексплицитна до таа мера што политичките компилиња (ДУИ) во целост ги угушија своите политички родители (ПДП и ДПА) на политичката сцена во изминатиот период.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија чиј што легитимитет и кредибилитет извира од народот а која што е историски континуитет на историското ВМРО со постоење во временски распон од повеќе од 130 години никако не смее да си дозволи да биде заложник на своите политички копилиња. Токму поради ваквата присутност на поединци чија што основна човечка карактеристика за конформизам и комодитет постојано или во дадени моменти на нивната политичка кариера се протвора во најексплицитно профитерство, партијата како резултат на својата традиција има изградено систем за себепрочистување. Неспорни се улогите во даден политички контекст на Никола Груевски и Љубчо Георгиевски… како и плејада партиски функционери кои што на свој начин оставиле белег во работата на ВМРО-ДПМНЕ. Сите тие кои на грбот на партијата т.е народот биле на високи државни функции и во актуелниот даден момент го вртат филмот единствено во функција на свој личен интерес на штета на ВМРО-ДПМНЕ а со тоа и на штета на државата. Со тоа овие поединци можат да се оквалификуваат како политички копилиња изродени од текот на политиката на својата партија во чија епизодна улога поради различни причини во минатото се појавиле и етаблирале. Дали и колку тој белег што го оставиле пред лицето на историјата е позитивен или негативен е предмет на јавна парцепција. И мора да нагласиме дека не секогаш таа перцепција е објективна и реална!

Она што е важно во денешни политички рамки е делувањето на секој од тие на свој начин моќни луѓе во државата на грбот на ВМРО-ДПМНЕ од минатото, е нивниот политички ангажман во денешницата. Тој е нивно легитимно право и како таков е неинтересно за јавноста со оглед на нивниот индивидуализам. Она што е интересно за анализа е цњловитоста на нивниот минат труд заедно со нивната сегашна состојба и нивните моментални интереси врз основа на кои тие го проектираат својот политички ангажман. Моменталната состојба на политички активизам на Никола Груевски, Филип Петровски, одвреме навреме на Љубчо Георгиевски, Никола Тодоров и разни други продукти од ВМРО-ДПМНЕ после долги години моќ и влијание во политичкото милје во Македонија се заглавени во “славата” на нивното минато. Кредото “Да имаш па да немаш”, за нив важи но не е доволно за да ја опфати магнитудата на нивното влијание во минатото со што имаат свои проекции и во денешницата. И според сите индикатори, овие луѓе се подготвени да тргуваат со своето какво-такво влијание за некаков свој кам-бек во новата општествена реалност.

За познавачите на состојбите во ВМРО-ДПМНЕ видливи се линиите на обиди на поединци за влијание во структурите на партијата. Ваквите обиди за влијание најчесто се невидливи за општата јавност но во дадени моменти можат да предизвикаат несакани ефекти за текот на политичките траектории во државата, најчесто спроти политиката и доктринарните принципи на ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е и последниот случај со Никола Груевски кој како епицентар околу себе лепи рецедитиви од минатото за остварување на свои лични проекции во политичките состојби во Македонија. Навидум наивните чаршав-писанија на фејсбук од страна на Груевски за разно разни ирелевантни теми, е одржување на кондиција и проектирање на влијание кај оние малкумина кои се уште го чекаат “спасителот” да се врати за да ја спаси државата, но попрво да ги спаси нив самите. И тие малкумина заглавени во минатото на својата комоција овозможена од моќта и удопствата на власта која ја имаат за ваквата носталгија за времето на Груевски научени на привилегиите на самата власт која им ја овозможувал Груевски (на грбот на ВМРО-ДПМНЕ и народот), забораваат кои се целите за нивно политичко постоење -читај идеалите на ВМРО.

bregalnickimarketing

2023 година не е 2006 година. Денес потребите на Македонските граѓани не се исти како оние во 2005-2006 година. Денес ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е соочена со силни предизвици изродени од хаосот на абдицирањето на Никола Груевски пред налетот на Зоран Заев и се она што е олицетворение на неговата политика. Денес ВМРО-ДПМНЕ е исправено пред новиот предизвик врз основа на својот легалитет и кредибилитет да обезбеди обединување на сите противници на актуелната власт со цел убедлива победа на претстојните парламентарни избори. Потребата таа победа да биде 61+ во број на пратеници е неопходна за да се минимизира потенцијалното штетно влијание на помали политички субјекти чија што цена за тргување може да се преслика во доменот на оној кој дава најмногу… а се знае денес во Македонија кој дава најмногу: -оној кој што може да изгуби најмногу-во случајот тоа е СДСМ и ДУИ.

Во вакви околности цената за трговија со т.н. копилиња на ВМРО-ДПМНЕ е најголема затоа што токму тие се клинецот кој што непријателите на Македонскиот идентитет сакаат да го заковат врз ковчегот за Македонија.

Затоа во Македонија денес цвета трговијата со вредности кои во ниту една друга нормалност не би биле тргувани: Право и правда, човечки животи, национални богатства, егзистенција на цел еден народ….

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот