ТВ Алфа од извори во Брисел стигна до извештајот за напредокот на Македонија, ден пред неговото официјално објавување. Во него, скоро и да не постои област во која Европската Комисија не забележала стагнација или уназадување, иако власта секојдневно ја убедува јавноста дека посветено работи на таканаречената „европска агенда“.
- „Не беше постигнат никаков напредок во борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Се зголемија одложувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултираше со истекување на рокот на застареност на некои случаи.“ – Пишува во извештај на Европската комисија за Македонија.
Европската Унија посебно ги нотира и измените на кривичниот законик по брза постапка, со злоупотреба на „европското знаменце“ и без никаква јавна дебата.
- „Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција беа намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше на голем број тековни случаи на корупција на високо ниво. Ова ја попречува способноста на властите да ги истражуваат и гонат таквите прекршоци во иднина. Ова е прашање на сериозна загриженост.“ – Стои во документот до кој дојде ТВ Алфа.
За правосудниот систем, извештајот се осврнува на судскиот совет, за кој пишува дека „контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот Совет, создава загриженост за политичко мешање“.
Во документот детектирани се и други бројни политички мешања и скандалозни одлуки на судовите.
- „Генерално, нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.“ – Стои во извештајот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дипломатски скандал во Белгија. ВМРО-ДПМНЕ најавува целосно ревидирање на дипломатската мрежа на Македонија
Македонците од цела Европа, масовно се организираат да допатуваат за да гласаат на изборите во Македонија
Мицкоски помеѓу нашинците во Виена