Порталот “Во центар” на еден од најпознатите и влијателни новинари Васко Ефтов во својот наслов на една негова статија јавно лаже и шири манипулација во обид за дискредитација на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Имено во насловот на статијата од денеска ( 04.03.2021 година) на овој портал стои:
“Христијан Мицкоски: Зоран Заев е мафијаш. Кога ќе оздравам од короната јас ќе бидам нов премиер“
За понатаму во текстот на оваа статија познатиот и искусен новинар никаде да не го наведе изворот каде точно Христијан Мицкоски го изјавил ова за кое е напишано во насловот на статијата. Притоа порталот споделува фејсбук статус на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски каде никаде не е спомнат овој контекст за кој што пишува порталот во насловот на својата статија.
Се поставува прашањето што го натерало сопственикот и главен и одговорен уредник на порталот ” Во центар”, Васко Ефтов кој што е искусен новинар за да направи ваква грешка, да шири ваква манипулативна лага преку неговиот ценет портал?
Дополнително се поставува прашањето зошто баш во ваков момент на политичка состојба во Македонија Васко Ефтов кој што има голем број на следбеници на социјалните мрежи го пласира токму овој наслов во јавност, кој што е брутална лага?