Сопствениците и вработените на повеќе деловни објекти кои што се наоѓаат во Индустриската зона во Македонска Каменица повеќе нема калта да им претставува проблем во секојдневието кога треба да дојдат или заминат до своето работно место. Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски најави изградба на нови делови од улици кои што водат до постојните стопански објекти во самата индустриска зона. Истовремено општината започнува и со уредување на дополнителни парцели во зоната кои што ќе бидат понудени на приватниот сектор за инвестирање во наредниот период.
Развојот и модернизирањето на инфраструктурата и експанзија на постојните инфраструктурни капацитети е главен предуслов за развојот на Македонска Каменица што е главен фокус во работата на градоначалникот Атанасовски. Во таа насока тимот од вработени во општина Македонска Каменица под раководство на градоначалникот е сериозно ориентиран и посветен кон обезбедување на подобри и нови услови за инвестирање во општината. На ваков начин локалниот економски развој започнува да дожувува постепена но континуирана трансформација и динамичност потрбни за современите економски трендови и услови за развој.
“После долги години започнуваме со сериозни инвестиции во Индустриската зона во Македонска Каменица. Ќе асфалтираме три крака кои водат до веќе изградените објекти, а ќе започнеме и со уредување на десетина парцели кои се во општинска сопственост и кои веќе од средината на оваа година ќе бидат подготвени за продажба.
Целта е да привлечеме нови инвеститори од областа на лесната и незагадувачка индустрија и да поттикнеме дополнителен економски развој на градот.”
-заклучи градоначалникот во своето соопштение упатено до јавноста.
Покрај развојот на инфраструктурата градоначалникот Атанасовски посветува огромно внимание во обезбедување на подобри практики, знаење, искуства и создавање на поврзани подобри меѓусебни односи помеѓу различните чинители во локалната економија за постигање на најдобро- можни перформанси во деловната активност како на постојните економски субјекти, така и за појавата на нови деловни субјекти кои ќ значат во целост зголемен број на вработување за граѓаните на Македонска Каменица а екако и за поширокиот регион.
“Паралелно, заедно со Рудник Саса и PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro работиме на долгорочен проект за одржлив развој на Македонска Каменица, кој опфаќа сериозна поддршка за постоечките и нови бизниси, поддршка за земјоделие и туризам, како и изградба на нов општински центар за услуги кој ќе биде посредник меѓу сите овие фактори и кој ќе биде двигател на новата економска иднина на нашата општина.
Сериозно и посветено создаваме иднина за Општина Македонска Каменица.”
-соопшти градоначалникот Димче Атанасовски во врска со овие негови тековни напори за обезбедување на подобар стандарт за жителите на Македонска Каменица.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани