БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

После неколку години лаги и доцнење, денес конечно беше ставен камен темелник на фабрика за вода за пиење за делчевчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во својата предизборна програма во 2017 година тогаш кандидатот за градоначалник на општина Делчево Горан Трајковски ги лажеше граѓаните на Делчево дека ќе изгради фабрика за вода за пиење до крај на 2020 година.

Денес сме два месеци пред крај на 2022 година кога конечно по повеќе години пролонгирање градоначалникот Трајковски во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се фрлија првите лопати за изградба на овој значаен инфраструктурен проект кој што делчевчани долги години го чекаат да биде изграден.

Динамиката за изградба на пречистителната филтер станица за вода за пиење е предвидена да заврши до 2024 година според она што беше кажано на денешниот настан во селото Тработивиште, делчевско.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Така што добро е дека и покрај лагите на градоначалникот Горан Трајковски дека ќе го заврши овој значаен објект до крај на 2020 година во неговата предизборна програма во 2017 година, конечно истиот ќе биде завршен после 4 години доцнење.

На минатогодишните локални избори кога Горан Трајковски по втор пат победи во трката за градоначалник за Делчево, тој во својата програма ветуваше дека до крај на 2022 година ќе биде пуштен во употреба овој проект. Судејки по тоа што до крај на оваа година има уште два месеци може да се заклучи дека тој и тогаш повторно ги лажел граѓаните.

Дополнително градоначалникот на Делчево Горан Трајковски од само нему познати причини денеска на јавниот настан во селото Тработивиште пред премиерот Ковачевски манипулативно соопшти дека на овој проект се работело во изминатите 4 години, веројатно не целосно информиран дека реализацијата на овој проект има повеќегодишна генеза и пред неговото доаѓање за градоначалник преку повеќе претходни активности и процедури на утврдување приоритет, технологија, утврдување локација, капацитет, студија за техничко-економска оправданост итн….

До моментот кога делчевчани ќе добијат подобар квалитет и квантитет на вода за пиење од сегашната вода која е во системот, ќе поминат веројатно и повеќе од 2 години имајки во предвид дека треба да се заменат азбест-цементните цевки и придружни објекти на главниот довод за градот Делчево.

-Фото извор: Предизборна програма на Горан Трајковски од пред локални избори во 2017 година и предизборна програма на Горан Трајковски од пред локалните избори во 2021 година

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace