Урбанистичко планирање во Делчево- табу тема за функционерите на СДСМ во изминатиот период!
Последен Детален урбанистички план за одредена урбанистичка целина во рамки на ГУП Делчево е донесен од страна на општина Делчево за Централно градско подрачје,Урбана единица 2 дел од Урбан Блок 2.2. и е усвоен на 06.09.2011 година.
Усвојувањето на Локални урбанистички плански документации по потреба и самофинансирање на поедини физички и приватни правни субјекти се единствената акција која се спроведува во Делчево повеќе од 10-тина години што е рефлексија на општата состојба на незадоволителниот развој на Делчево.
Едноставно актуелниот градоначалник Горан Трајковски терминот урбанистичко планирање го користи кога треба да се излаже нешто!
Потребата од донесување на нова и ревидирање на постојната урбанистичка планска документација од страна на општина Делчево е ОГРОМНА!
Новата централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ после изборите на 8 мај како и новата локална власт што ќе дојде во Делчево по наредните локални избори, за Делчево има предвидено светла иднина која се базира на многу работа, чесен и искрен пристап и огромна волја и подготвеност за решавање на акутните проблеми на граѓаните на Делчево.
Токму неспособноста на актуелната власт на СДСМ во Делчево ги продлабочи проблемите со имотно-правните односи, преку нејбезобразни лаги за граѓаните за решавање на нивните проблеми со градежните објекти, јавни и приватни површини, како и јавна и приватна инфраструктура од сообраќаен, телекомуникациски, комунален или енергетски карактер.
Таквиот бездушен однос на СДСМ кон најважната работа во нашата општина а тоа е стратешки и планиран развој на градежната локална индустрија и локалното стопанство кое постојано се судруваат со неспособноста и незнаењето на функционерите на СДСМ во Делчево, ја доведе нашата општина од лидер во градежништвото до заборавена провинција со многу иселен работоспособен народ надвор од Делчево.
Ваквиот тренд мора да запре!
Имаме визија, имаме луѓе, а богами имаме и силна определба да се фатиме во костец со овие проблеми.
По преземање на власта зборовите УРБАНИЗАМ и ГРАДЕЖНА ЕКСПАНЗИЈА ќе бидат ставени на највисоко ниво во локалната и националната политика на идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните на Македонија а пред се Делчевчани заслужуваат предвидливост, одржлив развој и институции во функција на решавање на сите горливи проблеми а не “туркање на проблемите под шарениот ќилим на СДСМ”.
Фото прилог: Промотивна брошура за можностите за инвестирање во споменатиот ДУП за Централно градско подрачје Урбана единица 2 дел од Урбан Блок 2.2. е усвоен на 06.09.2011 година.
#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните
-фејсбук статус на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани