Денес во просториите на Општина Македонска Каменица, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Македонска Каменица.
Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Бојан Трипуноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Македонска Каменица Миран Митревски од едната страна и Градоначалникот на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Македонска Каменица и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа