Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Потребата од одржување на природните водотеци во општина Делчево е нужност која надлежните мора да ја имаат за приоритет!

Пренеси го гласот

Потребата од одржување на природните водотеци во општината е нужност која надлежните мора да ја имаат за приоритет!

Во пресрет на ВЕРОЈАТНИТЕ пообилни есенски и зимски врнежи на дожд и снег, апелирам кон локалните власти во Делчево, на поголема одговорност и посветеност во одржувањето на природните водотеци кои што ги има низ градот Делчево (особено оние од планината Голак кон река Брегалница) но и во остатокот од територијата на градот и пошироко во руралните места.

Денес природните канали се во толку лоша состојба што при поголеми количини на атмосферски врнежи можат сериозно да го загрозат животот на граѓаните.

Речните коритa на

-Брегалница (приоритет низводно кај градскиот базен, во атарот на село Разловци и ,

-Желевица (приоритет на вливот во атарот на селото Тработивиште),

-Габровчица (приоритет кај Ново Делчево),

-Очипалска Река (приоритет пред и после мостот на регионалниот пат А3),

-Ѕвегорска река по должината на целиот населен дел ( но од критично значење е решавањето на вливот во истоимената населба),

се критични места каде што е потребно да биде вниманието во најголем фокус на надлежните!

Понатаму, одржувањето на земјаните риголи покрај локалните и регионалните патишта е насушна потреба за постигање на долговечност на коловозните конструкции но и поголема безбедност при сообраќај па така истите треба т.е. мора да бидат соодветно одржувани.

Посебно внимание треба да се обрне на мостот на реката Брегалница на улица “Индустриска” кој што е во дестабилизирана состојба и може да биде потенцијална опасност за сите возила кои што сообраќаат по него.

За крај би апелирал до надлежните служби во општина Делчево да продолжат со имплементација на проектот за изградба на атмосферска канализација за жителите на поедини населби во Делчево. Пред се првенствено овде мислам за населбата Милково Брдо од страната на блокот со вишни т.н Рударска населба, чии што жители имаат проблеми со атмосферските води и предизвикуваат големи деформации на почвената подлога глобално за целата населба што се одразува негативно на стабилноста на станбените објекти за индивидуално домување.

Изградбата на атмосферска канализација исто така мора да продолжи и во населбата Басарица каде што постои огромен проблем со атмосферски води.

Краен момент е да се посвети поголемо внимание на ваквите критични точки од страна на надлежните како би се намалила веројатноста за потенцијални поголеми хаварии кои ќе бидат на штета на сите граѓани во општината.

(фото Прилог -река Брегалница -02.02.2015 година-дневната фотка и 04.12.2010 година-вечерната фотка)

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com