Еден ден еден човек прошол покрај некоја куќа и здогледал старица која седи на столица за лулање. Покрај неа, во иста таква столица, се лулал и старец додека читал весник. Помеѓу нив, на прагот од куќата, лежело куче кое тивко завивало, како нешто да го боли. Тој се изненадил и се запрашал зошто кучето жалосно завивало а старците не преземале ништо.
Следниот ден, тој повторно поминал покрај куќата и повторно ги здогледал старците во столиците за лулање, како и кучето што лежело цвичејќи. Загрижениот човек си ветил дека ако и утре ја види истата слика, тој ќе ги праша старците што се случува.
Третиот ден, на свое изненадување, тој поминал покрај истата сцена – старицата се лулала, старецот читал весник, а кучето на истото место жалосно завивало. Не можејќи да издржи тој им пристапил на старците, велејќи:
„Извинете госпоѓо, што се случува со вашето куче?“, ѝ се обратил тој на старицата.
„Со кучето? Ах, па лежи на шајка“, одговорила таа без многу грижа.
Човекот уште повеќе се изненадил, па прашал:
„Ако кучето лежи на шајка и тоа толку многу го боли, зошто едноставно не го тргнете од таму?“
Старицата се насмеала и со пријатен, нежен глас одговорила:
„Драг мој, го боли толку многу за да може да завива, но не доволно за да се тргне од тоа место?“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените
Темната историја на Ирма Грезе: Хиената од Аушвиц
Повеќе од радио фреквенција: Урбан ФМ како дигитална медиумска