БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Повеќемина индивидулци-Македонци од цел свет се иницијатори и организатори на големиот семакедонски протест во недела за правда за уставобранителите

Пренеси го гласот

Во синоќешната дебата во живо на фејсбук страницата на нашиот портал имавме можност да разговараме со дел од организаторите и иницијатори на големиот семакедонски протест кој што ќе се одржи во недела на 25.04.2021 година со единствена цел за правда за уставобранителите.

На дебатата свое учество зедоа тројца истакнати Македонски активисти за афирмација на Македонските прашања на глобално светско ниво и поборници за демократизација на Македонија- процес кој што насушно недостига во нашата држава.

Едно од суштинските прашања за кое што се дискутираше беше прашањето, кој точно и со каква цел стои позади организацијата на овој протест.

Во организацијата на протестот сме 12-тмина индивидуалци кои што се сепак претставници на некакви организации и членови на политички партии. Но решивме дека ќе ги оставиме нашите организации и политички партии настрана и дека ќе настапиме како индивидуалци затоа што целта ни е да се обедини целиот Македонски народ какко Македонци. Премногу е разединет Македонскиот народ на политички партии, по религија… секаква можна поделба. Време е да застанеме сите заедно и како Македонци, како уставотворен народ да се бориме за тоа што сакаме да го постигнеме.

Затоа ќе останам на тоа дека сите политички партии и сите Македонци по род и државјанство, како што ги повикавме во нашиот повик, да излезат да го поддржат протестот. Апелираме до сите нив да ги остават своите партиски обележја дома и сите заедно сплотени како никогаш до сега под Македонските знамиња да го чекориме маршот, надевајки се дека ќе ја постигнеме нашата цел и дека ќе ги ослободиме нашите браќа од затвор.

-соопшти синоќа Ана Дукоска од Вашингтон DC во врска со шпекулациите кои што се појавија во изминатите недели за наводните организатори и цели кои што наводно требало да се постигнат со овој протест, со кои што се направи обид за дискредитација на протестот.

Во врска со целта на протестот Ана Дукоска првично ја спомна потребата за обединување на сите Македонци по род, под една заедничка кауза како што е ПРАВДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ која што е единствена цел на овој протест.

Самиот протест во неделата според најавите е предвидено да започне во 11.00 часот пред зградата на Владата на Република Македонија по што ќе се организира голем протестен марш до пред законодавниот дом каде ќе биде интонирана Македонската химна “Денес над Македонија се раѓа” и ќе биде прочитана декларација со барања од протестот до надлежните власти.

Целата синоќешна дебата со повеќе тематски прашања поврзани со протестот можете да ја погледнете во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот