СЕ ИНСТАЛИРААТ ДВЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА КРОВОТ НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ
Со зголемена динамика се работи на инсталирање на двете фотоволтаични централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци во рамки на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, за кој е потпишан Договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.
Вкупната вредност на проектот изнесува 447.872 евра, а грантот е во износ од 223.936 евра, односно 50% од вредноста на проектот. Останатите 50% се кофинасирање од Општина Кочани.
-извор: КЈП „Водовод“ – Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко